Билјана платно белеше — Tekstovi pjesama

Билјана платно белеше

Broj otvaranja: 2844

Билјана платно белеше
На охридските извори.
Оздола идат винари,
Винари белограѓани.

Винари бeлограѓани,
Кротко терајте карванот,
Да не ми платно згазите,
Платното ми е даровно.

Билјано моме убаво,
Ако ти платно згазиме,
Со вино ќе го платиме,
Ем бела лута ракија.

Не ви сакам виното,
Тук' ви го сакам момчето,
Што напред води карванот
Што фесче носит над око.
Што фесче носит над око
И мене гледат под око.

Билјано, моме убаво,
Момчето ни е свршено.
За него вино носиме,
В' недела ќе го жениме.

Да би го вода однела
И мене ми го донела,
Да би го змија к'снала
Со мојве долни запчиња.


Ocjena: 3.00     Broj glasova: 2
           


Video 1/1