Зајди, зајди јасно сонце — Tekstovi pjesama

Зајди, зајди јасно сонце

Broj otvaranja: 2579

Зајди, зајди јасно сонце,
Зајди помрачи се,
И ти јасна ле месечино,
Бегај удави се.

Црнеј горо, црнеј сестро,
Двата да црнејме,
Ти за твојте лисја ле горо,
Јас за мојта младост.

Твојте лисја горо сестро,
Пак ќе ти се вратат,
А мојата младост ле горо,
Нема да се врати.


Ocjena: 0.00     Broj glasova: 0
           


Video 1/1