Ој Јано, Јано — Tekstovi pjesama

Ој Јано, Јано

Broj otvaranja: 2696

Ој Јано, Јано, убава Јано
Од едната страна Јано
Сонце те грее,
Од другата страна Јано
Јасна месечина.

Какво фајде Јано мори
Што сме си богати,
Кога од срцето Јано
Ти порода немаш?

Ој Јано, Јано, убава Јано
Дали е од Бога Јано,
Или е од чинка
Дали е од тебе Јано,
Или е од мене?

Мене ме е мајка лудо,
Лудо проколнала,
Мајка проколнала Стојан,
Клела, говорила.

Ој Јано, Јано, леле мила ќерко
Лика спроти тебе Јано
Друга да не родиш,
Оти ноќе плачеш ќерко,
А дење си спиеш.

Ти на мајка мила Јано
Многу починуеш,
Од срцето рода Јано
Ти да не си имаш.


Ocjena: 3.00     Broj glasova: 1
           


Video 1/1      

Powered by VegCook.net