Ај засвирете ми чалгии,
една песна мераклиска,
да се сетам на младоста,
да се врати в срце радоста.
Свирете ми чалгии,
свирете ми сè од срце,
празник ми е на душава,
денес плаќам за младоста.
Ај засвирете ми чалгии,
една песна како животот,
очи солзи да наполнат,
душа моја да олеснат.
Свирете ми чалгии,
свирете ми сè од срце,
празник ми е на душава,
денес плаќам за младоста.