Ајде дали знаеш, паметиш милице — Tekst

Ајде дали знаеш, паметиш милице

Ајде дали знаеш,
паметиш Милице,
кога си бевме малечки,
де-еј,
кога си бевме малечки,
Милице,
ај кога се двајцата
љубевме.

Ај кога се двајцата
љубевме, Милице,
во чичовото градинче,
де-еј,
во чичовото градинче,
Милице,
ај кај шарените
цвеќиња.

Ај кај шарените
цвеќиња, Милице,
трендафил цвеќе
цветеше, де-еј,
трендафил цвеќе
цветеше, Милице,
ај на градите ти
паѓаше.

Ај на градите ти
паѓаше, Милице,
ти на скутот ми
спиеше, де-еј,
ти на скутот ми
спиеше, Милице,
ај тогаш ти лице
целував.

Ај тогаш ти лице
целував, Милице,
лице ти беше спокојно,
де-еј,
лице ти беше спокојно,
Милице,
ај на срце оган
ти гореше.

Ај на срце оган
ти гореше, Милице,
ти мене жално ме
гледаше, де-еј,
ти мене жално ме
гледаше, Милице,
ај од очи солзи
ронеше.




Video 1/1      

© 2006-2026 cuspajz.com