Зајди, зајди, јасно сонце,
зајди, помрачи се,
и ти, јасна ле, месечино,
бегај, удави се.
Црнеј, горо, црнеј, сестро,
двајца да црнејме,
ти за твојте лисја ле, горо,
јас за мојата младост.
Твојте лисја, горо, сестро,
пак ќе ти се вратат,
мојата младост, горо ле, сестро,
нема да се врати.